Болтон: Лансирањето на ракетите не го нарушува ветувањето од Ким дадено на Трамп

36
ФОТО: EPA / STRINGER

Најновото лансирање ракети на Северна Кореја не го крши ветувањето дадено од американскиот лидер Ким Џонг Ун до американскиот претседател Доналд Трамп. Во тек се напори да се продолжи со денуклеаризација. Тоа го изјави американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

– Лансирањето на тие проектили не го крши ветувањето на Ким на Трамп за интерконтиненталните балистички ракети. Сепак, мора да се запрашате кога ќе започне вистинската дипломатија, кога ќе започне дебатата за денуклеаризација – рече Болтон во интервју за Фокс њуз.

Северна Кореја, само неколку дена откако лансира две слични ракети, вчера истрела уште два балистички проектили со краток дострел. Ракетите беа лансирани од полуосторовот Ходо во провинцијата Хамгјонг, источниот дел на Северна Кореја, од каде беа истрелани и ракетите на 25 јули. Најверојатно се работи и за слични ракети. При вчерашното лансирање проектилите прелетале околу 250 километри.

Официјален Вашингтон соопшти дека се информирани за тестирањето на ракетите и оти ја следат ситуацијата. – САД примија извештај дека Северна Кореја лансирала ракети и ќе продолжат да ја следат ситуацијата, изјави портпарол на Стејт департментот.

Претходно, јужнокорејската министерка за надворешни работи Канг Кјунг-ва ја повика Северна Кореја да ги стопира ракетните проби.

Официјален Пјонгјанг го обвинува Вашингтон дека не го исполни ветувањето и во август планира заедничка воена вежба на американската и јужнокорејската армија, поради што се отвора можноста за промена на одлуката за замрзнување на тестирањата на нуклеарни ракети и ракети со долг дострел, која е во сила од 2017 година.

ФОТО: EPA / STRINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...