ФЕД ја намалија основната каматна стапка првпат по економската криза

Американскиот претседател Доналд Tрамп не беше согласен со одлуката на ФЕД.

101

Федералните резерви на САД ја намалија основната каматна стапка за 0,25 отсто. Тоа се случува за првпат од 2008 година или од почетокот на светската економска криза.

Одлуката беше донесена со 10 гласови „за“ и двајца „против“ на гласање на гувернери на главните банки. Одлуката беше очекувана поради очекуваниот економски раст.

Можно е до крајот на годината да има нова корекција, јавија американски медиуми. Американскиот претседател Доналд Tрамп не беше согласен со одлуката на ФЕД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...