Трамп му понуди помош на Путин за справување со пожарите во Сибир

144
ФОТО: ЕПА

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп разговараа телефонски за пожарите во Сибир, но и за трговијата на двете земји, изјави портпаролката на Белата куќа, Хоган Гидли.

Тоа го потврди и прес-службата на Кремљ, наведувајќи дека до разговорот дошло на иницијатива на Вашингтон.

– Американскиот претседател и понуди помош на Русија за справување со пожарите – се наведува во соопштението и се додава дека Путин му се заблагодарил на Трамп за понудата и рекол дека ќе ја прифати доколку има потреба.

Путин исто така кажал дека понудата на Трамп ја гледа како сигнал дека Москва и Вашингтон во иднина во целост ќе ги нормализираат односите.

– Путин и Трамп се согласија да ги продолжат телефонските контакти, но и лично да се сретнат – се наведува во соопштението од Кремљ.

Во Сибир вчера во тешко пристапна зона изби пожар кој зафати речиси 2,8 милиони хектари. Најголемите пожари беа регистрирани во Јакутија, Краснојарск и Иркутск, каде што е прогласена вонредна состојба.

Во Гасењето на пожарите учествуваа повеќе од 2.700 лица, 390 противпожарни единици и 28 авиони.

ФОТО: ЕПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...