Европската унија засега нема да ги забрани тревниците од вештачка трева, но Европската агенција за хемикалии (ЕЦХА) бара алтернатива.
Вештачката трева е голем извор на микропластика, која е голем загадувач на животната средина.
– Комисијата не подготвува таков предлог. Она што сега го правиме и ќе продолжиме да го правиме е да се обидеме да го најдеме најдобриот начин да одговориме на еколошкото и здравствено влијание на микропластиката и да охрабриме развој на одржливи алтернативи – изјави портпаролката на ЕК Наташа Берто, со што ги демантираше таквите тврдења, пласирани во дел од западните медиуми.
Микропластика се нарекуваат многу мали делови пластика, произведени ненамерно при производството на големи парчиња, како што е на пример синтетички тексил, или намерно за одредена цел, како во случајот со материјал за вештачка трева.