Можат да спречат цироза, одлични се за панкреасот и помагаат при слабеење

Крушите се овошје со најмалку алергени, најдобра намирница за панкреасот и рајско овошје за црниот дроб.

1022

Ако некое овошје е познато, а толку занемарено, тогаш е тоа крушата. Но таа е најдобра намирница за панкреасот, кој исто така сме склони да го занемариме. Преоптоварениот панкреас најдобро се смирува со круша.

Крушите се и рајско овошје за црниот дроб затоа што го поттикнуваат процесот на чистење и можат да спречат цироза. Пулпата на крушата е богата со фитоматерии, минерали во трагови и аминокиселини кои се врзуваат за отровите во телото и ги исфрлаат од организмот.

Крушите го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и се голема помош при слабеењето. Една круша со средна големина има околу 90 калории. Содржи витамин Ц и флавоноиди и е добар извор на бакар кој не штити од штетното делување на слободните радикали.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...