Диета за жени што седат цел ден

Оваа диета трае 14 дена, а по потреба може да се повтори, но само по двонеделна пауза.

1291

Жените најмногу се жалат за салото на колковите, целулитот, проширениот задник и стомак, држат разни нездрави диети, од кои за кратко време се откажуваат, бидејќи очекуваат инстант резултати.

Меѓутоа, oсвен исхраната, и седечкиот начин на живот е виновен за вишокот килограми. За сите жени кои најголем дел од денот и ноќта го поминуваат пред компјутер, нутриционистите предлагаат здрава и делотворна диета.

Оваа диета трае 14 дена, а по потреба може да се повтори, но само по двонеделна пауза.

Појадокот се состои од 250 грама млеко, шолја црно кафе без шеќер, 50 грама кашкавал и 50 грама црн леб. Наместо тоа можете да си направите мени – од сок од портокал или грејпфрут, едно варено јајце, едно парче двопек, шолја чај или кафе без шеќер.

Ручекот се состои од свеж зеленчук по желба (оцетот заменете го со лимон), 100 грама месо или 150 грама риба или две јајца и 50 грама црн леб. Како втора опција можете да комбинирате зеленчук, 200 грама месо или риба, овошна салата со лимон, чај или кафе.

За вечера, вашето мени може да содржи супа од зеленчук, сирење или јогурт и 150 до 200 грама овошје. Ако не ви се допаѓа оваа опција, тогаш направете комбинација од 200 грама варено месо или риба, 100 грама спанаќ или домати, или 200 грама салата зачинета со лимон и 100 грама млеко.

Освен овој диететски режим, потребно е да практикувате прошетки барем еднаш дневно во траење од 30 минути и по можност да правите вежби за јакнење на мускулите на долниот дел на телото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...