Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, им „покажаа“ на градежниците како се асфалтира.
Тие направија увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, чија рекострукција треба да заврши до текот на август.
Заев на Фејсбук сподели фотографии од посетата, а на една од нив тој и Сугарески се качени на една од градежните машини.
„Овој патен правец во должина од 10 километри за граѓаните значи квалитетен и безбеден пат кој ќе ги поврзува двата града и значително ќе придонесува за локалниот економски развој“, напиша Заев во објавата со фотографиите.