Најубавите македонски народни носии претставени во Битола

86

 Во рамки на фестивалот „Илиденски денови“ синоќа во Битола, Ансамблот „Македонија“ од Скопје приреди ретка ревија на македонски народни носии од повеќе етнографски целини.

На плоштадот „Магнолија“, пред публика од државата и странство беа претставени 20 комплети народни носии од Горновардарска, Дебарско-Реканска, Брсјачка, Јужномакедонска и Шопско-Брегалничка етнографска целина.

-Сите носии се од крајот на 19. и почетокот на 20. век. Тоа се најубавите носии од сите македонски етнографски целини од кои се согледува социјалниот статус за девојки, невести, млади жени, ергени и младоженци, истакна – проф. д-р Владимир Јаневски, под чие раководство работи Ансамблот „Македонија“ од Скопје.

Ревијата на македонски народни носии беше придружувана со музичко сценски перформанс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...