Ќе се уредуваат алпинистичките локалитети

Од Агенцијата сметаат дека зголемувањето на понудата во авантуристичкиот туризам, која е многу подоходовна за лoкалната економија, е можност странските и домашните туристи на интересен начин да излезат од секојдневието.

211

Aктивности за уредување на локалитетите Матка, Демир Капија, Остра Карпа и Лешница се дел од проектот „Развој на алпинизмот и негово ставање во функција на туризмот” кој го реализира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Планирано е да се исчистат алпинистичките насоки, да се отстрани вегетација,да се  заменат шајките. Ќе се маркираат и петеките и постават информативни табли и патокази.

-Уредувањето на локациите за алпинистичко качување треба да ја зголеми безбедноста, пристапноста и атрактивноста на локациите и да привлече поголем број на туристи од еден од сегментите, кој се смета за најбрзо растечки – велат од Агенцијата.

Проектот за уредување на алпнистичките локалитети е во соработка со Македонската алпинистичка федерација.

Алпинизмот, според светската туристичка организација, спаѓа во категоријата на активности кои се високо интензивни и авантуристички и претставува селективен облик на туризам.

-Со оглед на фактот дека овој сегмент од авантуристичкиот туризам бележи раст во одредени региони и до 75 тсто, а воедно се предвидува растот во наредната декада да продолжи да се зголемува, Агенцијата за туризам одлучи да го лансира овој проект, земајќи ја предвид добрата основа на квалитетните карпи и долгата летна сезона во Македонија – додаваат од Агенцијата.

Од Агенцијата сметаат дека зголемувањето на понудата во авантуристичкиот туризам, која е многу подоходовна за лoкалната економија, е можност странските и домашните туристи на интересен начин да излезат од секојдневието.

Активниот туризам бара уникатни, природни ресурси кои Македонија ги има во изобилие, но неопходно е истите како што веќе напоменавме да се стават во функција на еден безбеден и одржлив начин“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...