Британскиот премиер Борис Џонсон денеска му порача на својот ирски колега Лео Варадкар дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ „без разлика на сѐ“, нагласувајќи дека таканаречениот ирски „backstop“ мора да биде отстранет од секој договор за Брегзит, пренесе Фена.
Премиерот денеска јасно стави до знаење дека Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври „без разлика на сѐ“, се наведува во соопштението на канцеларијата на Џонсон по разговорите на двајцата премиери.
Премиерот јасно порача дека владата ќе пристапи кон преговорите со одлучност и енергија во духот на пријателството и дека јасен услов за напуштањето на ЕУ со договор мора да биде тоа да се отстрани „backstop“, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.
ФОТО: EPA / NEIL HALL