Драстичен пад на профитот на германска „Луфтханза“

452

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во вториот квартал од годината остварија добивка од 226 милиони евра, што е за 70 отсто помалку од истиот период минатата година, пренесе агенцијата Анадолија.

Како клучни причина за падот на профитот се неведуваат зголемените трошоци за гориво и растечката конкуренција меѓу летовите на кратки дестинации.

„Луфтханза“ во соопштението, сепак, наведува дека комапнијата во вториот квартал од 2019 година ги зголемила приходите за четири отсто, а тие изнесувале 9,6 милијарди евра.

Компанијата во вториот квартал од минатата година прикажа оперативна добивка пред намалувањата за камати и данок на добивка во износ од милијарда евра, а тој износ во истиот период од оваа година опаднал за 25 отсто, па сега изнесува 754 милиони евра.

Освен зголемените трошоци за гориво, како и растечката конкуренција меѓу летовите на кратки релациии, за драстичното намалување на добивката компанијата ги наведува и високите трошоци за оддржување на моторите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...