Организаторот на нападите од 11 септември во САД подготвен да сведочи во корист на жртвите

373

Еден од организаторите на терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД, Халид Шеик Мохамед е подготвен да сведочи во корист на луѓето и компаниите, кои поднеле тужба против Саудиска Арабија, доколку американските власти се откажат од барањето за негова смртна казна, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

Роднини на жртвите од нападите на 11 септември во САД поднесоа колективна тужба против Саудиска Арабија, која ја обвинуваат за финансирање и друг вид на поддршка за терористичката група Ал Каеда.

Тужбата е поднесена од името на 800 луѓе, со цел да добијат отштета од Владата на Кралството. Потоа повеќе од 20 американски осигурителни организации поднесоа тужби против две банки од Саудиска Арабија и компании, поврзани со семејството на Осама бин Ладен, како и против неколку хуманитарни организации, за сума не помала од 4,2 милијарди долари во врска со нападите во САД.

Предлогот на Мохамед се содржи во писмо, испратено во судот од страна на адвокати, кои ги претставуваат компаниите и роднините на жртвите. Мохамед, кој се наоѓа во американскиот затвор Гвантанамо, не е подготвен моментно да сведочи, но „во случај да изостане смртна пресуда, тогаш ќе биде можна поширока соработка“.

Адвокатот кој е ангажиран од Саудиска Арабија одбил да даде коментар.

Конгресот усвои закон, со кој им се дозволува на наследниците на жртвите во терористичките напади на 11 септември, да поднесат тужби во судот против Саудиска Арабија, чии државјани беа повеќето од терористите кои ги извршија нападите. Тогашниот американски претседател Барак Обама стави вето на законот прифатен од Конгресот, но Сенатот го надмина со 97 наспроти еден глас.

Надгласувањето на претседателското вето беше првиот таков случај за време на мандатот на Обама. На почетокот на октомври 2016 година една Американка, која го загубила својот сопруг на 11 септември, ја поднесе првата тужба во судот против Ријад.

На 11 септември 2001 година терористи на Ал Каеда киднапираа неколку патнички авиони и удрија во зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон. Во нападите загинаа 3.000 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...