На 13 години затворската казна осуден е полицаецот Епаминондас Корконеас кој на 6 декеври 2008 смртно го застрела, тогаш 15-годишниот Алексис Григоропулос, а според адвокатот на обвинетиот, не е исклучена можноста следниот месец да биде пуштен на слобода, јави дописничката на МИА од Атина.
Мешаниот апелационен суд во грчкиот град Ламија, го осуди Корконеас за „убиство со предумисла“ додека пак вториот обвинет беше ослободен. Првостепено, полицаецот доби доживотна затворска казна, а неговиот колега 10-годишна, казни кои второстепено беа променети, земајќи предвид олеснувачки околности предвидени во новиот Кривичен законик изгласани неодамна.
Според адвокатот на поранешниот полицаец Корконеас, по пресудата, веднаш ќе започне процедурата за ослободување, нешто што би можело да се случи веќе следниот месец.
Со пресудата, завршува судскиот процес што траеше 11 години, а Корконеас веќе 11 години е во затвор.