Висечки мост со проѕирна ограда ќе никне на местото каде што требаше да биде Панорамското тркало.
– Во моментов траат градежните работи за преадаптација на мостот, каде требаше да биде лоцирано Панорамското тркало во пешачки мост. Ова ќе биде висечки мост и според новиот проект, сите четири бетонски столбови ќе се урнат и со тоа коритото на реката Вардар ќе биде ослободено. Летово треба да завршат градежните работи за изградба на мостот, со што ќе бидат отстранети и препреките кои се наоѓаат на кејот со кои сега е блокирано движењето. За да се гледа симболот на градот Камениот мост, на новиот мост ќе биде поставена проѕирна ограда – изјавија од Град Скопје за Плусинфо во врска со нивните активности на оваа локација.
Во однос на фасадата на објектот „Пелагонија“, како што ни беше речено, во тек биле разговори со сопствениците на објектот, со цел взаемно надминување на состојбата.