Шкотската премиерка: Џонсон го води Обединетото Кралство кон уништување

687
Photo: EPA / ANDY RAIN

Политиката на британскиот премиер Борис Џонсон кон Брегзит го води Обединетото Кралство во пропаст, изјави шкотската премиерка Никола Старџен.

Таа упати остри критики кон Џонсон пред нивната прва средба во Шкотска.

– Народот во Шкотска не гласаше за оваа ториевска (конзервативна) влада, не гласаше за новиот премиер, ниту за Брегзит и секако не гласаше за катастрофален Брегзит без договор, кој Борис Џонсон сега го планира – нагласи Старџен.

Според неа, единствена цел на Џонсон е да ги извади Шкотска и Обединетото Кралство од ЕУ без никаков договор.

– Шкотска е игнорирана во текот на процесот на Брегзит и сега е време да се соберат сите оние кои се загрижени за иднината на Шкотска и заедно да го трасираат патот, а на ториевците да им порачаат да престанат да ја вовлекуваат нашата земја во пропаст – додаде Старџен.

Photo: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...