Крешник Бектеши, министерот за економија, вели дека од следната година македонските фирми ќе може да учествуваат во тендерите за јавни набавки распишани во 35-те земји членки од Европа во Светската трговска организација.
Македонија не ги исполнуваше обие критериуми и домашните компании немаа право да конкуриураат во јавните повици надвор од Македонија.
– Тоа ќе биде нов предизвик за македонските фирми да биде што е можно поконкурентни. Верувам дека до крајот на годината нашата земја ќе стане потписник на спогодбата со Светската трговска организација. Веќе разговарав со претседателот на оваа организација, Роберто Азаведо, кој ни пренесе дека ние веќе сме ги завршиле нашпите подготовки – рече Бектеши.
Тој додаде дека на седница на Влада е усвоен акционен план со инспекторатите за заедничка борба против симата економија.
– Законите кои ги донесовме веќе ги даваат своите резултати во процес со вклучени над 10 институции – рече Бектеши.