Лондон испраќа уште војници и бродови во Персискиот залив

206

Велика Британија испраќа дополнителен број војници и бродови во Бахреин за да ги заштити трговските бродови во Персискиот Залив.

Војниците ќе бидат распоредени по доаѓањето на вториот голем британски воен брод во регионот.

Акциите на Лондон се одговор на одлуката на Иран да го задржи танкерот за нафта во сопственост на Велика Британија.

Британските медиуми јавуваат дека Велика Британија оваа недела ќе испрати мал број војници во Бахреин за да ја зголеми безбедноста на бродовите во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...