Српското Собрание го ратификуваше договорот со Северна Македонија за заедничка контрола на ГП Прешево-Табановце

134

Српскиот Парламент доцна синоќа го усвои Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Северна Македонија за воспоставување заедничка контрола на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Прешево-Табановце.

Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, во дискусијата кажа дека за конкурентноста и поврзаноста е важно да се воспостават заеднички гранични премини со соседите, со цел да се олесни протокот на стоки и луѓе.

– Без разлика колку вложуваме во инфраструктурата, градиме автопати и ја модернизираме железницата, постојат проблем со нефизички бариери, кои не се само прашање на гужви во летниот период, туку се особено присутни во транспортот на стоки, каде што понекогаш се чека и до 10 до 15 часа.

Таа истакна дека ова е главна причина поради која се започнати разговори со соседните земји за да се направат заеднички контроли на граничните премини, со што ќе се олесни преминувањето на границите и меѓународниот патен сообраќај.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...