Концептот за превземање е предмет на консултации и анализи заедно со бизнис секторот, синдикатите, а ќе биде консултиран и со вработените во јавниот сектор, реагира Министерството за информатичко општество и администрација на соопштението на Сојузот на стопански комори за дилемите поврзани со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор.
– На првиот состанок на оваа тема, МИОА ги повика претставниците на сите стопански комомри во земјата, а свои високи претставници на состанокот имаше и Сојузот на стопански комори. На состанокот се разговараше за голем дел на отворени прашања и дилеми, а претставниците на ССК ја поддржаа идејата и покажаа спремност да бидат вклучени во дефинирањето на концептот, условите, начинот на превземање итн.
МИОА го прифаќа испраќањето на соопштенија до јавноста како легитимен начин на размена на ставови и дилеим, но наш принцип на работа е и ќе продолжи да биде отворената и дирекна комуикација преку јавни расправи со сите засегнати страни.
Трансферот на вработеите од јавен во приватен сектор е нов концепт во Македонија, и секако дека има голем дел на отворени прашања и дилеми, кои за да се затворат неопходни се конструктивни предлози од сите засегнати страни. Свесни сме дека моменталната состојба со работната сила и во двата сектори е неодржлива, и одлучни сме тоа да го промениме со заеднички сили и заедничка работа, стоин во реакцијата на МИОА.