Најмалку осум загинати во земјотрес на Филипини

60

Земјотрес и два вторични потреси, што следеа по неколку часа, денеска ги погодија слабо населените острови Батан, во Лузонскиот теснец , на север од Филипините, при што настрадаа осум лица, а повредени се околу 60 и предизвикана е значителна материјална штета, соопштија филипинските власти, пренесе ДПА.

Шефот на локалната канцеларија за вонредни ситуации Роланд Есдикул за американските медиуми изјави дека во потресите, кои го пробудиле локалното население, има урнати куќи, што биле изградени од камен и дрво.

Првиот удар на земјотресот имал јачина од 5,4 степени според Рихтер, а потоа следел уште еден од 5,9 степени, како и третиот од 5,7 степени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...