Деведесет отсто од рамковните се согласиле да работат во јавниот сектор

277

Деведесет отсто од вкупно 958 луѓе вработени по Рамковен договор, опфатени со првата фаза, веќе ги потпишале решенијата за прераспределба во државните институции. Од Владата очекуваат решенијата да ги потпишат и останатите 10 отсто.

Доколку не го сторат тоа, тие ќе бидат ставени на трансфер листа за втората фаза за кога е предвидена прераспределба на останатите од вкупно 1.600 вработени по овој основ.

Портпаролот на Владата Мухамед Хоџа на денешната прес-конференција посочи дека од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, тие се систематизираат во други институции каде според анализата и планот на секретаријатот, правичната застапеност не е на потребното ниво.

На прашањето дали со распределбата на овие вработени завршува процесот на вработување по основ на Рамковниот договор и правичната застапеност, Хоџа посочи дека откако ќе се заврши оваа обврска, ќе има нови огласи за вработувања доколку во одредени инатитуции правичната застапеност не е исполнета.

Планот што претходно е направен покажува дека овие вработени во најголем дел ќе бидат прераспределени во МВР, УЈП, Царината, Клиничката болница во Тетово, Управата за матични книги и Јавното обвинителство. Потоа следат МНР, Катастарот, МОН, ФЗО и Министерството за финансии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...