Актерот Џорџ Клуни се соочува со докажување на татковство откако добил писмо во кое се вели дека е татко на вонбрачно дете, пишува „Гламур“.
Џорџ Клуни на домашна адреса добил анонимно писмо во кое се бара да направи тест за докажување на татковството, за да се утврди дали тој е таткото на петгодишната Ава чија мајка е Стејси.
Наводно, писмото го прочитала и Амал, а како што се наведува тоа ѝ предизвикало стрес. Датумот кога била зачната Ава се поклопува со датумот кога раскинале Џорџ и Стејси.
Фото: EPA/ETTORE FERRARI