Меѓународниот монетарен фонд е оптимист во поглед на глобалниот економски раст, но предупредува на можноста од „надвиснување темни облаци“ доколку продолжи намалувањето на финансирањето и растот на каматите, изјави директорката на Фондот, Кристин Лагард.
Во говор во Хонг Конг, таа истакна дека за глобалната економија е најважно да се спречи протекционизмот и да се обезбеди долгорочен раст.
– Историјата не учи дека ограничувањето на извозот им штети на сите, а посебно на посиромашните корисници, изјави Лагард за трговската војна меѓу САД и Кина.
Таа оцени дека доколку се кршат правилата на Светската трговска организација може да дојде до пропаѓање на колективните правила и да доведе до долгорочни последици.