Што ја снајде Британија? Џонсон со министри од пеколот

Имено, опозицијата го нарече „Кабинет од пеколот“, бидејќи во новиот состав се наоѓаат лица кои поддржуваат смртна казна, феминистиките ги нарекуваат „одвратни фанатици“ и се противат на истополови бракови.

2017
ФОТО: EPA / NEIL HALL

Борис Џонсон само што стана британски премиер, а веќе е мета на критики на опозицијата поради составот на новиот Кабинет.

Имено, опозицијата го нарече „Кабинет од пеколот“, бидејќи во новиот состав се наоѓаат лица кои поддржуваат смртна казна, феминистиките ги нарекуваат „одвратни фанатици“ и се противат на истополови бракови.

Наводно, Џонсон ја шокирал јавноста со тоа што Доминик Камингс, контроверзниот менаџер на кампањата за Брегзит, го ставил да биде министер за надворешни работи.

Покрај него, тука е и новата министерка за внатрешни работи, Прити Пател, која повеќе пати заговарала смртна казна.

– Кога имаме систем во кој убијците и силувателите ги повторуваат своите кривични дела, повторно и повторно, тоа е навистина ужасно. Затоа сметам дека би поддржала повторно воведување на смртната казна – рекла таа во 2011 година.

Во 2017 пак, била отпуштена од тогашната работа бидејќи било откриено дека имала тајни состаноци со израелски политичари.

Таа е една од тројца нови министри кои низ текот на кариерата била отпуштена од Кабинетот или била принудена да даде оставка.

Новиот министер за образование, Гевин Вилијамсон претходно годинава бил избркан поради гласини дека му давал на новинар осетливи информации за состанок со Големата национална безбедност.

Критичарите посебно се гневни на Доминик Раб поради контроверзните ставови за жените.

Шкотската национална партија соопштила дека новата Влада на Џонсон би можела да биде најлоша, дури и од времето кога со земјата владеела Маргарет Тачер.

ФОТО: EPA / NEIL HALL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...