Мајка монструм го оставила детето во возило на 35 степени, па не давала кршење на стаклото за да го спасат (ВИДЕО)

„Тоа не е мајка, тоа е убиец“, „таа веројатно не е мајка, ами маќеа, која повеќе се грижи за автомобилот, отколку за детето“, се само дел од коментарите.

360
ФОТО: Принтскрин

Мајка го оставила двегодишното дете во автомобил на 35 степени Целзиусови, а потоа не им дозволила на пожарникарите да го скршат стаклото на возилото за да го спасат.

Видеото од овој случај, кој предизвикал многу осуди, е направено во Кина.

Додека пожарникарите се обидувале да го извлечат нејзиниот син и да го спасат од смрт, таа им рекла да не го разбиваат стаклото. Кажала дека браварот е на пат и дека тој ќе ја отвори вратата без било какви последици. Овој нејзин став шокирал многумина, бидејќи мајката не размислувала дека секоја наредна секунда би можела да биде фатална за детето, пишува „Дејли мејл“.

Пожарникарите сепак на крај успеале да ја убедат, па го скршиле стаклото и успеале да дојдат до расплаканото дете.

„Тоа не е мајка, тоа е убиец“, „таа веројатно не е мајка, ами маќеа, која повеќе се грижи за автомобилот, отколку за детето“, се само дел од коментарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...