Две училишта во центарот на Париз, кои во текот на летото прифаќаат околу 180 деца како дел од рекреативниот летен центар, по одлука на градот Париз беа затворени во четвртокот поради високата концентрација на олово, јавува дописникот на МИА.
Двете училишта, забавиште и основно, се наоѓаат на улицата Сант Беноа, во 6-тиот ароднисман.
– Тие беа затворени како мерка на претпазливост – се вели од градот Париз.
Пожарот од катедралата Нотр-Дам на 15 април доведе до топење на неколку стотици тони олово, кое се наоѓаше на покривот.
Регионалната здравствена агенција од своја страна повика на имплементација на нови мерки кога тие беа идентификувани надвор од нивоата над референцата од 5.000 микрограми олово по м2. Меѓутоа, во училиштето Сант-Беноа, новите анализи откриваат, на игралиштата, а не во внатрешноста на зградата, „површински концентрации на олово во прав над референтните вредности“, сoоошти градот Париз .
По чистењето, мора да се земат нови примероци и резултатите се очекуваат во петок. Децата од летните центри мора да бидат сместени на други места за време на затворањето.