Дваесетгодишната Сабрина Лекај е пронајдена убиена на предното седиште на „мерцедес бенц“ во неделата половина час пред полноќ. Автомобилот бил оддалечен само 250 метри од нејзиниот дом.
Покрај телото на талентираната албанска девојка, во Австралија бил пронајден тешко повреден нејзиниот татко.
Пред да биде убиена, Лекај ѝ напишала на својата пријателка дека ја сака.
Студентката на медицина претходната ноќ била излезена со пријателите, на кои наводно им кажала дека се плаши оти ќе се расправа со татко ѝ штом се врати дома.
Осомничен за убиството е нејзиниот татко, кој треба да се појави на сослушување утре.
Според сведочења на пријателите на убиената, таа била многу исплашена од реакцијата на нејзиниот татко бидејќи била излезена до доцна.
„Њуз.ко.ау“ пренесува дека Сабрина од 100 бодови на тестирање осовила 99,35.
As @7NewsAdelaide revealed tonight, police are preparing to charge 49yo property developer Petrit Lekaj with the murder of his 20yo daughter, Sabrina.
Warrant of remand allows them to keep him under guard in their custody, while being treated for his injuries at the RAH. pic.twitter.com/mBvJBmCir3
— Jessica Adamson (@JessAdamson7) July 23, 2019
ФОТО: Фејсбук