Тунискиот претседател повторно во болница, трет пат во последниот месец

47
ФОТО: EPA / MOHAMED MESSARA

Тунискиот претседател Бежи Каид Есебси е примен во воената болница во главниот град, трет пат во последните неколку недели, јавија медиумите во оваа земја.

Во медиумските извештаи се наведува дека Есебси (92) е примен во болница заради здравствени проблеми, не прецизирајќи за што станува збор.

Кабинетот на претседателот не издаде никакво соопштение, нити одговорил на барањата за коментар, пренесуват американските медиуми.

Есебси е првиот демократски избран претседател на Тунис.

Тој победил на изборите во 2014 година, по бунтот познат како „араска пролет“.

Неодамна Есебси најави дека нема да се кандидира на изборите во ноември, изјавувајќи дека земјата треба да ја води некој помлад.

Во јуни тој веќе двапати беше во болница.

Неговата канцелари во понеделникот објави видео снимка од средбата со министерот за одбрана, на која тој бил забележливо ослабен.

ФОТО: EPA / MOHAMED MESSARA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...