Црвена фаза во Франција – 42 степена во сенка

356
Фото:EPA/IAN LANGSDON

За 20 департмани од северна Франција е издадена црвена највисока фаза на претпазливостшто е без преседан во Франција, објави Метео Франс. Шест други департамни се на портокалово ниво. Денеска температурите во сенка изнесуваат помеѓу 36 и 42 Целзиусови степена, со најава на нов пораст за утрејавува дописникот на МИА.

Париз, неговиот регион, Ил-де-Франс, дел од Нормандија и Шампањ, денеска од 16 часот се ставени во црвена претпазливост од страна на Метео Франс поради топлотниот бран.

За првпат од создавањето на оваа алатка во 2004 година, за подобро предупредување на граѓаните, има толку многу департмани во највисоката фаза на претпазливост.

На крајот на јуни, овој симболичен праг на црвено алармирање веќе беше преминат од четири департмани на југот од Франција.

Веб-страницата на Метео Франс објаснува дека за време на „црвената фаза“ – сите сме загрозени, дури и здравите лица“. Температурите би можеле да ги надминат историските рекорди во во Париз.

Истовремено над 80 француски департмани се соочуваат со недостиг од вода, посебно за наводнување, поради слабите зимски врнежи. Последица од тоа е што многу земјоделски култури повеќе не се наводнуваат, а се намалува и производството на електрична енергија на нуклеарните централи кои не можат да функционираат без водата за разладување.

Рекордно високи температури од 38,9 степени Целзиусови се регистрирани денеска и во Холандија и во Белгија, највисоки воопшто во тие земји.
Метеоролошките институти на двете земји соопштија дека во Холандија се измерени 38,8 степени Целзиусови, додека во Белгија 38,9 степени.
Главниот метеоролот во белгискиот Кралски метеоролошки институт Давид Денехау рече дека температурата во Белгија е мерена во воената база Клајне-Брегел во северозападниот дел на Белгија и претставува историски рекорд за таа земја.

– Измерените 38,9 степени Целзиусови претставуваат највисока температура измерена во Белгија од почетокот на мерењата во 1833 година – напиша Денехау на Твитер.

Холандскиот кралски метеоролошки институт, пак, исто така преку Твитер, соопшти дека во Холандија околу 15 часот во местото Гилзе-Ријен се измерени 38,8 степени.

Последниот рекорд во Холандија беше во 1944 година, кога се измерени 38,6 степени.

Фото:EPA/IAN LANGSDON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...