Политички коректно воспитување

Во Франција, во која до неодамна на родителите не им било забрането да го удрат по газето сопственото дете, донесен е нов закон кој до таа мерка се меша во односот родител-дете што пропишува што не смее родителот да му зборува на своето дете. Според извештаите на медиумите, во „психичко насилство“ над децата спаѓа и реченицата „срам да ти е“ во случај на лош успех на детето во училиште или пак негативната споредба со подобрите ученици.

166

Во текстот кој е објавен ТУКА, српскиот психотерапевт Зоран Миливојевиќ вели: „Општо познато е дека начинот на воспитување на детето е поврзан со неговиот иден карактер, со структурата на неговата личност. До поаѓање во училиште, значи, до шестата, седмата година, родителите како главни носители на воспитувањето имаат најзначајно влијание на развојот на детската психичка структура.

На детето му е потребно покажување на љубов и дисциплинирање. Кога родителите му покажуваат љубов тоа развива позитивна слика за себе и за чувството на лична вредност.

Со „не“ и „мораш“ се учи дозволеното

Кога го дисциплинираат велејќи му „не“ и „мораш“, со повремена негативна последица кога детето не сака да послуша, родителите го учат што е дозволено, а што не е, како и што се неговите обврски.

За разлика од давањето љубов, дисциплинирањето подразбира конфликт помеѓу волјата на детето и волјата на родителот. Тоа е всушност неизбежен конфликт помеѓу биолошките импулси кои управуваат со детето и друштвените барања коиги наметнуваат родителите.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...