Има ли живот после развод?

Разводот не мора да биде смрт на семејството, но според стручњаците, за да се преболи потребни се од две до четири години. Кога ќе дозволите да поминат болката и бесот, кога ќе се „реставрирате“, потребни ви се други ритуали во животот, нови планови. Еден од тие здрави ритуали е кога за роденденот на вашето заедничко дете ќе се соберете некаде заедно, за да види детето дека обајцата сте и натаму негови родители. Ваквите разводи се сметаат за разводи со среќен крај.

386

Реченицата „Додека смртта не не раздели“, брачниот завет кој го разменувате гледајќи се во очи, веруваме дека е искрена и дека навистина додека ја изговарате, верувате во неа и во тоа дека сте нашле некого за цел живот, сродна душа, идеален партнер.

Но сите знаеме дека љубовта е слепа и дека во тој првичен занес не ги препознавате сите аспекти на брачната заедница.

Со време оганот на вљубеноста се гаси, се прават компромиси, се гуши своето „јас“, заради она „ние“ и додека се свртите тоа повеќе не е – тоа вистинското.

Во главата почнуваат да ви се раѓаат идеи за развод. Најпрвин ги потиснувате, не сакате да си признаете сами на себе, но повторно им се враќате сѐ додека не се осмелите и гласно да изговорите дека така повеќе не оди.

Според стручњаците, разводот е еден од најголемите стресови во животот на луѓето. После губитокот на детето, родителите, некој близок, разводот котира многу високо на скалата на стресот:

Ова е и нормално со оглед на тоа што, особено во нашето традиционално општество, разводот и натаму се третира како неуспех.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...