Кога воопшто не ви се готви, јадете булгур

Има ли нешто полесно од ова? И не, навистина не мора да се вари ниту пет минути.

801

Иако повеќето рецепти со булгур кои можат да се најдат велат дека се приготвува брзо, речиси секој предвидува дека сепак треба да се вари, ако не повеќе, тогаш барем 5-10 минути.

Бидејќи булгурот се подготвува од пченично зрно без лушпа, кое делумно се вари, а потоа се суши и се ситни на мали делови, логично е дека не морате воопшто да го варите. Ако не сте пробале досега, тогаш пробајте уште денес. Сѐ што треба да направите е да зовриете на пример 2 шолји вода и да го прелиете булгурот. Покријте го тенџерето со капак и оставете го да отстои 30 минути или додека вие правите уште некој прилог за јадењето, на пример, таратур или салата.

Највкусен е оној малку покрупниот, за пилав.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...