ФБИ со повеќе од 1.000 истражители се бори против економската шпионажа од Кина

100

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, изјави денеска дека Кина претставува сериозна контраразузнавачка закана за САД, поголема од која било друга земја, вклучувајќи ја и Русија.

Вреј пред Комитетот за правосудство во Сенатот изјави дека ФБИ има повеќе од 1.000 истражители кои ја испитуваат економската шпионажа и се обидуваат да украдат интелектуална сопственост. Тој, исто така, рече дека речиси сè укажува на Кина.

Тој се појави во Капитол хил еден ден пред сведочењето на поранешниот специјален советник Роберт Милер за извештајот за Русија.

Службениците за национална безбедност од Министерството за правда открија неколку случаи на економска шпионажа, во која, како што тврдат, Кина учествувала минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...