Ќе се исплаќа продадено винско грозје од уште шест сорти

228

Владата денеска усвои Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување дополнителна помош како мерка за исплата на продадено винско грозје.

Како што соопшти владината прес-служба, се проширува примената на мерката и на сортите на винско грозје: сирах, малвазија, бургиндец црн, кратошија, семијон и мускат отонел.

Во соопштението се наведува дека целта на одлуката е производителите на овие сорти да не бидат во понеповолна положба во однос на останатите производители на винско грозје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...