Надзорниот Одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, соопшти ЕСМ.
Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика и на оваа функција доаѓа од местото директор на РЕК Битола, најголемата подружница на АД ЕСМ и најголем производител на електрична енергија.
Нов директор на РЕК Битола ќе биде назначен од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ.