По цели 10 години, врвната танчерска група „Лорд оф д денс“ (Lord od the dance), денеска ќе настапи во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ќе се претстави со целосно ново шоу – „Опасни игри“, кое ја претставува неверојатната авантура во борбата помеѓу доброто и злото.
„Лорд оф д денс“ на македонската публика ќе и го претстави најдоборото од ирскиот фолклор.
Извонредните 34 танчери, врвните акробати и најсовремената технологија ќе придонесат да биде доловена магичната приказна на сцената.
Како специјален гостин ќе настапи ансамблот ТАНЕЦ – светски докажаниот амбасадор на македонскиот фолклор кој веќе шест децении претставува уникатен симбол на македонската култура и уметност.