Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека проектот за подводниот руско-германски гасовод „Северен поток 2“ не е можен без прецизирање на улогата на Украина во копнениот транзит на руски гас кон Европа.
„Северен поток 2“ е проширување на постојниот гасовод кон Балтичкото Море, со што се заобиколуваат источноевропските земји кои учествуваат во транзитот на руски гас кон други европски држави.