Бесплатен оброк во замена за собрано ѓубре

Луѓето можат да разменат ѓубре за бесплатна храна во првото 'Garbage Cafe' во Индија. Собраниот пластичен отпад ќе се рециклира и ќе се искористи за изградба на подобри и поцврсти патишта.

293

Велат дека не треба да ја фрлате храната, но во овој уникатен случај, отпадот што го собирате е она што може да ви донесе храна.

Индија само што го започна своето прво  ‘Garbage Cafe’ во градот Амбикапур во централната индиска држава Чаттисгарх.

Иницијативата на општинската корпорација, потекнува од идејата да им се обезбеди храна на бездомниците и на сиромашните, а истовремено да се поттикне собирање на ѓубрето и одржување на чистотата на улиците.

Во ова кафуле се дава бесплатен оброк за секој килограм ѓубре што ќе го соберете или обилен појадок за 500 грама.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...