Во организација на Скопско лето и Здружението за развој на општеството и животната средина „Акта нон верба“, а во соработка со амбасадорот на Израел Дан Оријан, на 25 јули во City Mall во 16 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Скокаме заедно“.
„Скокаме заедно“ е нова изложба на фотографии која раскажува неконвенцијална приказна: дипломат од Министерство за надворешни работи, амбасадор кој носи одело и вратоврска, ултра-ортодоксен Евреин кој е израелски првак во капуера, група арапски капуератисти од север, ултра-ортодоксна младина од Бнеи Брак, група од хасидски Евреи од Ерусалим и група на млади луѓе со посебни потреби. Сите овие се собираат заедно за сесии на скокање и необични вежби во дворот на црквата во Абу Гош, во Стариот Град на Ерусалим, на различни пејсажни места низ Израел.
Оваа изложба претставува скок против природата, скок до взаемно разбирање, скок до коегзистенција и скок за подобар свет.
Изложбата произлегува од социјалниот проект за инкорпорирање на младите со попреченост помеѓу амбасадорот Оријан и ултраортодоксниот шампион на капуера Мики Хајат, кој работи со младите Хареди и млади луѓе со посебни потреби.
Скоковите се фотографирани од страна на фотографите: Шломи Амсалем, Јордан Полвој, Пломо Гелбер, Амир Ешел, Еран Гил и Јехезакел Еткин.