Медиуми: Предупредување за можни воздушни напади во Сирија

Американската Воена морнарица вчера соопшти дека носачот на авиони „Хари Труман“ заедно со група бродови, кои го придружуваат, од денеска ќе бидат стационирани во Средоземното Море, во согласност со редовниот распоред.

202

Дел од медиумите објавија дека Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕАСА) ги предупредила авиокомпаниите да бидат внимателни при летовите над источниот Медитеран, поради можни воздушни напади врз Сирија во следните 72 часа.

Меѓутоа, на интернет страницата на ЕАСА нема соопштение со такво предупредување.

Американската Воена морнарица вчера соопшти дека носачот на авиони „Хари Труман“ заедно со група бродови, кои го придружуваат, од денеска ќе бидат стационирани во Средоземното Море, во согласност со редовниот распоред.

Носачот на авиони е главниот брод на ударната група, а го следат крстосувачот „Нормандија“ и четири разурнувачи – „Арлеј Бурк“, „Булкелеј“, „Форест Шерман“ и „Фарагут“.

Заедно со тие бродови, ударната група ќе ја придружува и германската фрегата „Хасен“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...