Главоболките се релативно чест проблем, а за некои луѓе и секојдневна тегоба. Постојат 3 типа на главоболки – тензична, кластер главоболка и мигрена.
Еден од првите чекори при појавувањето на ваквата тегоба е соодветен внес на вода – дехидратацијата може да биде причина за тензични главоболки и мигрена.
Магнезиумот е исто така добро помошно средство кај мигрената – едно истражување покажало дека 600 милиграми магнезиум-цитрат дневно ја ублажува зачестеноста и интензитетот на мигренските главоболки. Меѓутоа, оваа количина на магнезиум може да предизвика и дијареа, така што не треба веднаш да почнувате со толкава доза.
Студиите покажуваат и дека витамините од групата Б, поточно Б2, Б6, фолна киселина и Б12, можат да ги ублажат симптомите на главоболка. Во облик на суплемент може да се зема и коензимот Q10 – истражувањата покажуваат дека земањето на 100 милиграми коензим Q10 дневно може да ја ублажи зачестеноста, траењето и интензитетот на мигрената.
Недоволниот сон (помалку од 6 часа ноќе) исто така е чест причинител на главоболки, па затоа квалитетниот сон е од клучна важност за нивна превенција.
Храната со висока содржина на хистамини како што се тврдите сирења, ферментираната храна, пивото, виното, чадената риба и чадените месни преработки можат да предизвикаат мигрена кај лицата кои се склони кон главоболки. Затоа, избегнувањето на овие намирници може да помогне во превенција на овој тип на главоболка.