Премалку доење ја чини светската економија милијарда долари дневно

Научниците побарале поголема поддршка за доилките и објавиле дека тоа што бебињата се дојат премалку ја чини светската економија речиси милијарда долари на ден.

136

Канадските и азиските научници во студијата ‘Cost of Not Breastfeeding’ (Трошоци на недоењето) покажале дека светот би можел да заштеди 341 милијарди долари годишно кога мајкте би доеле подолго затоа што на тој начин се спречува прераната смрт и разни болести.

„Тоа е човеково право, тоа спасува животи и ја унапредува економијата“, рекол канадскиот научник Дилан Волтерс, која ја водел студијата спроведена во повеќе од стотици земји. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува новороденчињата до шестиот месец од живот исклучиво да се дојат, а од тогаш до втората година од животот да имаат комбинирана исхрана од мајчино млеко и друга храна. Доењето помага во спречувањето на проливи и воспаленија на белите дробови, двете најчести причини за смрт на малите деца, а мајките ги штити од рак на јајници и дојки, наведува СЗО.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...