Една од најпопуларните серии „Озборувачка“ (Gossip Girl) се враќа на малите екрани!
Последната епизона од мега-популарната серија се емитуваше пред речиси седум години, а сега и официјално е потврдено дека ќе има уште продолжетоци.
Засега се знаат малку детали, но од она што е познато е оти серијата ќе се емитува на HBO, а за содржината се наведува оти новите епизоди ќе покажат колку социјалните мрежи и Њујорк се промениле изминатите години. Фокусот ќе биде ставен на тоа колку социјалните мрежи и приватноста на Интернет ја променија динамиката во средношколскиот живот.
Ќе се снимаат 10 епизоди, секоја ќе трае по околу еден час. Актерската екипа засега не е позната.