САД му честитаат на Харадинај за одлуката да се јави на суд во Хаг

96

Стејт департментот ја поздрави денеска одлуката на Рамуш Харадинај да соработува со Специјалното обвинителство за злосторствата на ОВК во Хаг.

„САД му честитаат што тој одлучи да одговори на поканата на Специјалниот суд за Косово“, се наведува во краткото соопштение на Стејт департментот.

Харадинај вчера поднесе неотповиклива оставка од премиерската функција, а како причина ја наведе добиената покана од Специјалниот суд како осомничен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...