Заев: Просечната плата продолжува да расте, економската година ги дава резултатите

317

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека просечната плата од месец во месец продолжува да расте и оти економската година ги дава резултатите.

„Просечната плата од месец во месец продолжува да расте! Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари“, напиша Заев во објавата на својот фејсбук профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...