Рипнаа цените во трговијата на мало, а ќе растат и понатаму

204

Зголемени се продажните цени во трговијата на мало во вториот во однос на првиот кваратл годинава, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци.

Eкономската состојба на фирмите од овој сектор во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава е понеповолна, а e поповолна во однос на вториот квартал лани.

Такви оценки изнеле раководителите на фирмите од трговијата на мало кои очекуваат понеповолна состојба и во следните два квартала.

Како што објави  Државниот завод за статистика, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, како и за бројот на вработените.

Количеството на залихите е на еднакво ниво како и во претходното тримесечје.Финансиската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година.

Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2019 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,4 процентни поени во однос на истото тримесечје од минатата година.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на вториот квартал годинава имале: недостигот на обучен кадар со 21 процент, слабата побарувачка од купувачите со 20,2  процента, зголемени трошоци за труд со 18,4 проценти и зголемената конкуренција на пазарот со 16,8 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...