Да се издаваат фискални сметки и да се потсетуваат посетителите дека имаат право да ги побараат, како и за правото на поврат на дел од пресметаниот ДДВ, информираат од прилепската Регионална дирекција на Управата за јавни приходи во пресрет на почетокот на наголемата манифестација „Пивофест“ која во Прилеп се одржува од 18 до 21 јули.
„Во врска со овогодишниот ‘Пивофест’, УЈП ги повикува сите учесници кои имаат обврска да издаваат фискални сметки, истите редовно да ги издаваат, а се потсетуваат посетителите дека имаат законско право да бараат да им се издаде фискална сметка за прометот на добра и услуги и право на поврат на дел од пресметаниот ДДВ“, соопштуваат од Регионалната дирекција на УЈП во Прилеп.
Што се однесува до состојбата во врска со фискалните сметки откако е влезен во сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, УЈП информира дека има неправилности кои граѓаните ги пријавуваат на бројот 198.
Имено, од 1. јули најзабележителни се пријавите за неиздавање фискални сметки, како и за сметки кои граѓаните не може да ги скенираат.