Шелби Ејнџел одлучила јавно да ги повика другите родители даразмислат дали ќе летаат си авионите на холандската компанија KLM откако стјуардесата во текот на летот ја замолила да се покрие додека го дои детето.
Таа на Фејсбук објавила дека на летот од Сан Франциско до Амстердам ја доела својата едногодишна ќерка кога дошла стјуардесата и се обидела да ја покрие со ќебенце.
„Таа не сака да биде покриена. Давам сѐ од себе да бидам дискретна, но понекогашсе гледа малку кожа. И пред да полетаме ми пријде стјуардесата со кебенце. Ми рече дека мора да се покријам ако имам намера да продолжам да дојам“, објаснила Ејнџел која одбила да го направи тоа.
Тогаш стјуардесата ѝ рекла дека би требало да го направи тоа ако другите патници се жалат, но таа е уверена дека не навредила никого.
„Се чувствував ужасно понижена“, додала таа.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey