Трошоците на живот повисоки за 1,6 отсто во март

Пораст на трошоците на живот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата, кај предметите за лична хигиена и здравје, услугите за лична хигиена, средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани, обувките, резервните делови и опрема.

99

Трошоците на живот во март биле на исто ниво како и во февруари, а цените на мало пониски за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на март минатата година, трошоците на живот се зголемени за 1,6 отсто, а цените на мало за 2,9 отсто.

Пораст е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 отсто, кај житата за 1,6 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто, кај компирот, млекото, сирењето и урдата, другите пекарски производи и кај трбушките.

Пораст на трошоците на живот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата, кај предметите за лична хигиена и здравје, услугите за лична хигиена, средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани, обувките, резервните делови и опремата за сопствен превоз, големите електрични апарати, услугите за култура, облеката…..

Намалување на трошоците на животот имало кај оризот, сувото овошје и јаткастите производи, другите прехранбени производи, месото, јајцата, рибата и морските плодови, јогуртот, сушеното, соленото и чаденото месо. Намалување е забележано и кај течните горива за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, болничките услуги, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, книгите, гасот за домаќинства..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...