Внимавајте на бубрезите во лето! Иделно време за создавање камења

Мажите се почести пациенти од жените, а болеста најчесто се јавува кај мажите по 40-тата година, а кај жените во 50-тата година. 

712

Според уролозите, во летниот период е зголемен ризикот од создавање камења во бубрезите. Поради глобалното затоплување во последните 30 години значително е зголемен бројот на пациентите кои страдаат од оваа болест. Специјалистите тврдат дека колку е повисока надворешната температура, толку е поголем бројот на луѓе кои се жалат од камења во бубрезите.

Дехидратацијата поради намален внес на течности го зголемува ризикот од формирање на бубрежни камења, а голема причина има и седењето подолго време на сонце надвор. Затоа препораката е да се пијат повеќе течности (8-10 чаши вода), за да се спречи проблемот со работата на бубрезите. Препорачливо е да се пие доволно течност за урината да биде бледо-жолтеникаво обоена, односно што повеќе разредена.

Како да ја препознаете болката? Болката се јавува во абдоменот или на долниот дел од грбот каде што се сместени бубрезите, а може да продолжи кон препоните или тестисите кај мажите. Болката настапува кога каменот се движи низ уринарниот тракт, а на еднаков начин нагло и исчезнува. Промената во бојата на урината или присутноста на крв во мокрачата се сигурни знаци за камењаво бубрезите. Болниот обично го тресе треска и температура. Еден од симптомите е и мачнината, а честа попратна појава е повраќањето.

Мажите се почести пациенти од жените, а болеста најчесто се јавува кај мажите по 40-тата година, а кај жените во 50-тата година.

Понекогаш се случува лицето да не е свесно дека има камења во бубрезите бидејќи не чувствува напади на болка. Повеќетокамења го „напуштаат“ телото без никаква лекарска интервенција, доколку организмот е доволно хидратизиран. Во такви случаи, хоспитализација не е потребна. Од друга страна, камењата кои предизвикуваат долготрајни проблеми или компликации можат да бидат третирани со различни методи кои вклучуваат нивно ситнење или операција.

Камењата во бубрезите можат да ги спречат едноставни промени на животните навики, меѓу кои најдобро е пиењето околу три литри обична вода. Доколку веќе ги имате камењата, водата помага во нивното движење и исфрлање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...